Бидете менаџери на сопствената содржина!

Имајте актуелена, атрактивена, добро структурирана содржина која клиентите нема само безволно да ја читаат, туку и ке ја уживаат; содржина која самите ќе ја менувате по ваша желба, во секое време!

 

СМС (Систем за менаџирање на содржина) е многу силна интернет алатка со која можат да се постигнат големи заштеди доколку имате потреба од постојано ажурирање на вашиот веб сајт. СМС исто така дава можност за воведување на повеќејазична содржина преку која се зголемува пазарот. Ова е идеално решение за он-лајн списание. Содржиата е погодна за интернет пребарувачите (Google, Yahoo, Ask и сл.) и може да биде ажурирана лично од вас или од трета страна. Колку по често е ажуриран сајтот, толку попопуларен станува кај пребарувачите, но и кај корисниците.
Споделување на знаењето на сегашните и идните корисници им дава причина да се вратат повторно на сајтот и Ви овозможува предност пред конкурентите. Подолу се неопходните карактеристики на нашиот СМС:

  • Уникатен дизајн по желба на нарачателот
  • Уредување и управување со страните (бројот на страните и подстраните не е ограничен)
  • Он‐лајн управување со насловите и содржината, без разлика на обемот и видот на
    содржината (слики, мултимедија, флеш...)
  • Он‐лајн додавање, вадење и замена на страници со автоматско ажурирање на
    менијата
  • Анкети, форуми, новости...
  • Управување со корисници и мејлинг листи
  • Категоризација на корисниците (пр. администратори со привилегии да ја менуваат
    содржината и читатели со привилегии да коментираат и оценуваат)
  • Опција за ненајавените гости да можат да ја видат само почетната страница или
    кратка содржина, додека регистрираните ќе имаат пристап до целосната содржина
  • Генерирање на “RSS feed” за секоја рубрика
  • News generator (прием на RSS feed) од други веб страници
  • Уредување на претходно дефиниран дел за реклами
  • Статистика за рејтинг и читаност на различните содржини (написи, проекти, теми...)
  • SEO (Search Engine Optimization)

Секако, на крајот ќе добиете и он‐лајн курс за користење на СМС –от, со комплетна статистика за корисниците кои го посетувале и/или положиле курсот.

 

 

Нашиот принцип на работа се базира на директна комуникација со клиентите. Ќе ни претставува задоволство доколку се обратите кај нас за бесплатна консултација.


Сите права се задржани
2009 © КОМУНИКА